Средба Вељановски-Ескудеро: Шпанија силно ја поддржува Македонија во евроинтеграциите

 

Собранискиот спикер Трајко Вељановски,кој е во неколкудневна работна посета на Шпанија, денеска се сретна со претседателот на Сенатот на Кралството Шпанија Пио Гарсиа Ескудеро. 

- Вељаноски изрази убедување дека парламентарната дипломатија се повеќе го зазема своето место и дека ваквите средби допринесуваат кон тоа. Тој воедно истакна дека за Република Македонија е значајно мислењето и ставот на Кралството Шпанија за случувањата и процесите во Европската унија. Го запозна соговорникот со посветеноста на Република Македонија на патот на европското интегрирање и посветеноста кон членство во НАТО алијансата, при што изрази убеденост дека и двете членства наскоро ќе се случат, за доброто на Македонија, за регионот, но и за Европа, се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Од своја страна, претседателот на Сенатот на Шпанија Пио Ескудеро изразил задоволство од добрите односи меѓу двете земји и потенцираше дека Шпанија силно и трајно ја поддржува Македонија, како во интегрирањето во Европската унија, така и во НАТО структурите.

- На средбата која претседателот Вељаноски ја оствари со претседателот и членовите на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на Шпанија соговорниците разменија мислење за прашања значајни за двете држави. Европското интегрирање на Република Македонија и членството во НАТО, беа прашања на кои соговорниците посветија најголемо внимание, но се задржаа и на реформите кои Македонија досега ги има направено, на актуелната политичка состојба, економската соработка и просперитет на двете држави, областите во кои може да се унапреди соработката, се истакнува во соопштението.

 

27.11.2013 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега