Адеми: Очекуваме да се најде инвеститор за ХЕЦ Чебрен

 

Министерот за животна средина, Абдилаќим Адеми , денеска изјави дека очекува да се најде инвеститор што ќе ја изгради хидроелектраната Чебрен на Црна Река.

- Одлуката за започнување на постапката за објавување на тендерот за Чебрен е веќе донесена на Влада, а следната недела треба да биде објавена. Очекувам овој пат да има заинтересирани и да биде успешен тендерот зашто некои од условите се изменти и на некој начин се баланс помеѓу потребите на државата и барањата на инвеститорите, изјави Адеми, одговарајќи на прашање пред почетокот на на Форумот на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија што денеска се одржува во Стопанската комора на Македонија.

Адеми посочи дека со изградбата на ХЕЦ Чебрен можеби нема да се решат проблемите со производството на електрична енергија, но ќе се ублажат негативните ефекти од нив.

27.11.2013 - 12:22
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега