Министерот Тодоров засади дрвца во Радовиш

 

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска во Радовиш се приклучи на акцијата „Денот на дрвото“.

- Тоа е и суштината на акцијата од самиот почеток. Имајќи предвид дека ние како што треба да се грижиме за нашите бели дробови, така треба да се грижиме и за белите дробови на планетата земја, а најдобар начин за грижа е постојано пошумување. Дрвата не само што помагаат во тој дел и не само што се белодробие на планетата, помагаат и имаат и други да речеме поволни аспекти, како што се заштита на земјата од ерозија, но и заштита на подземните води и кавлитетот на водите, изјави Тодоров.

Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов информира дека денеска се засадени околу 8 илјади дрвца и тоа багрем и чемпрес на локацијата Градски рид.

27.11.2013 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега