СДСМ: МВР да ги заштити граѓаните од инцидентите во автобусите

 

Опозициската СДСМ денеска побара од Министерството за внатрешни работи да направи сериозна проценка дали синоќешните тепачки во автобусите во кои настрадаа деца се случајни инциденти или се мотивирани.

-  Очигледно министерката Гордана Јанкулоска, која 7 години раководи со Министерството за внатрешни работи покажува неспособност во превенцијата и во грижата за безбедноста на граѓаните, учениците и децата во градските автобуси. СДСМ бара МВР и власта да направат точна проценка на состојбата и да ги заштитат граѓаните од несакани последици во автобусите, се вели во соопштението од СДСМ. 

26.11.2013 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега