Слепите лица го поздравија огласот за вработување 300 лица со инвалидност

 

Слепите лица на Град Скопје денеска на трибина упатија повик кон нивните членови да конкурираат на огласот за вработување 300 лица со инвалидност и јавно се заблагодарија на Владата на Македонија за напорите што ги прави кон инвалидите.

- Од 1 ноември оваа година е објавен конкурсот за вработување на инвалиди од сите категории, со основно, средно и високо образование. До сега, според податоците што ги имаме ,на огласот конкурирале 985 лица, рече Коце Димов, член во Сојузот на слепи.

Слободанка Лазова од Министерството за труд и социјална политика посочи дека интенцијата на овој оглас е да има зголемен број на вработени инвалидни лица пред се во јавната и државна администрација: - Последниве години, односно од стапувањето на сила за вработување на инвалидни лица од 2000 година, во најголем дел се вработуваа во заштитни друштва, многу е мал бројот на инвалиди кои што се вработени во некое јавно претпријатие што спаѓа во доменот на јавната или државната администрација, рече Лазова.

Огласот е отпечатен и на Браево писмо и доставен до сите основни организации на слепите лица.

25.11.2013 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега