Состанок на царинските служби за истраги и разузнавање

 

 Царинската управа на Република Македонија денеска и утре е домаќин на Меѓународниот состанок на раководителите на службите за разузнавање и истраги на царинските управи на земјите од европскиот регион на Светската царинска организација.

Според најавите, на состанокот ќе присуствуваат претставници на Светската царинска организација, на Државниот царински комитет на Азербејџан, Централно-азискиот регионален, информативен и координативен центар за борба против илегалнта трговија со наркотични средства (CARRIC), на Федералната Царинска служба на Русија, на Службата за разузнавање на Италија и на Канцеларија за борба против организиран криминал на ОН.

На состанокот ќе се зборува за најновите трендови на криумчарење, на методите за негово сузбивање, а се очекува да бидат донесени и заклучоци за начините на заедничко и посилно делување во спречувањето на криминалот.

25.11.2013 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега