Еве ги новите мерки кои ги промовираше СДСМ во Прилеп
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска најави три нови мерки од програмата на СДСМ за враќање на средната класа, кои се од областа на економија - капиталните инвестиции и вработување на младите.
-Заминувањето на младите луѓе надвор од државата денес се доживува како најголем пораз на Македонија. Најзначајна причина за таквата поразителна тендеција е невработеноста кај младите луѓе. Повеќе од 55 % од младите луѓе се невработени и не гледат никаква можност во брзо време да пронајдат работа. Дури и тие што работат - добиваат мизерни плати и не можат да го закрпат месецот. Нашата земја мора да ги насочи сите ресурси и капацитети кои и стојат на располагање за решавање на проблемите на младите луѓе. Исто така во последните 7 години многу малку се инвестираше во вистинска капитална инфраструктура во државата која ќе значи економски придобивки за сите, заштеда на средства за секое семејство како и подобрување на севкупниот квалитет на живот на граѓаните, рече денеска Зоран Заев.
Прва мерка, која ја најави Заев, е Изготвување на целосна проектна документација, завршување на експропријацијата и започнување на изградба на три нови патни делници во форма на автопати и тоа :
1. Автопат Велес - Прилеп – Битола
2. Автопат Штип - Кочани, а три ленти до Делчево и граничен премин Делчево и
3. Автопат Удово - Вељуса - Струмица - граничен премин Ново Село
-Втора мерка, Гасификација на Македонија преку изградба на главна национална гасоводна мрежа до големите урбани центри и поставување на системи за компресирање и декомпресирање на природен гас за помалите градови и општини. Третата мерка, Финансирање од буџетот на320 бизнис идеи годишно со по 10.000 евра неповратни средства по идеја. Ќе отворамепреку 16 бизнис инкубатори низ цела Македонија. Со оваа мерка мерка ќе се вработуваат повеќе од 5.000, пред сé млади луѓе, годишно, рече денеска првиот човек на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа