ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не смее да ги дели граѓаните - апсењето на Шиповиќ нема никаква врска со Општина Центар

 

 

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на изјавата на СДСМ, Мирослав Шиповиќ кој вчера беше екстрадиран во Македонија, да се брани од слобода.

        -   СДСМ наместо да се бори за градење на правна држава, како и многу пати досега се става во одбрана на своите членови кои се осомничени за криминал.  СДСМ не треба да биде партија која ќе биде параван за влегување во незаконски работи. Не смеат граѓаните да ги делат на нивни партиски функционери за кои не може да се поведе постапка ако се осомничени за криминал, и сите останати граѓани за кои важат законите. Апсењето на Мирослав Шиповиќ нема никаква врска со Општина Центар. Тој од страна на институциите се сомничи за криминал сторен во фирмата Машино-промет, каде бил Претседател на Управниот Одбор, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја блокира работата на Советот во Општина Центар и тоа сме го покажале со многу одлуки кои преку  советничка група сме ги поддржале, а биле во интерес на граѓаните. Дадена е поддршка за Годишните програми и финансиските извештаи на градинките и основните училишта во Центар, како и за третиот квартален финансиски извештај на Општина Центар. Дополнително Советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ го и изгласа ребалансот на Буџетот кој го предложи Андреј Жерновски, и ако имавме намера да ја погазиме волјата на граѓаните, немаше да гласаме  ребаланс со кој не се согласуваме.

 

     -     СДСМ треба да престанат да наоѓаат алиби за нивната неспособност да реализираат проекти во Центар и наместо со барање на виновници треба да започнат конечно да реализираат проекти во интерес на граѓаните, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

22.11.2013 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега