Илјада лица со инвалидност се пријавиле на огласот за вработување

 

Министерот за труд и социјала Диме Спасов денеска информираше дека до сега на огласот за вработување лица со инвалидитет кој го објави Владата, се пријавиле 1.000 лица. Министерот потсетува дека огласот ќе биде отворен уште десетина дена.

- Би сакал да ги мотивирам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат бидејќи огласот завршува за 10 дена. На него можат да се пријават сите слепи, слабовидни, глувите и наглувите, лицата со пречки во говорот и јазикот, лицата со комбинирани пречки, инвалиди на трудот, лицата со лесна и умерена попречесост во интелектуалниот развој..., рече Спасов по средбата со претставници на Националниот совет на инвалидски опрганизации во кој членуваат претседателите на сите национални организации.

Лицата кои ќе ги исполнат условите и ќе бидат рангирани согласно критериумите во огласот ќе бидат вработени. Потоа комисија за оцена на работната способност на лицата кои ќе бидат примени ќе даде оценка на кои работни места би можеле да работат лицата. Работните места не можат во моментов да се дефинираат бидејќи на таков начин би ги скратиле правата на лица со одредени видови и степени на инвалидност.

- Сметаме дека има потреба од нов закон за вработување на инвалиди сличен на европските земји на кој ќе се работи во наредните месеци. Ќе се воведе модел за вработување на инвалидите во сите фирми по квотен систем, односно секоја фирма со одреден број вработени да треба да вработи инвалидно лице, рече Спасов по средбата.

22.11.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега