Јанкулоска денеска работно во Брисел

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска е во еднодневната посета на Кралството Белгија. За време на посетата, министерката ќе оствари средба со федералниот министер за внатрешни на Белгија Жоел Милкет.

Како што информираат од МВР, на средбата Јанкулоска-Милкет ќе се зборува за продлабочување на соработката, за теми од областа на полициската обука и едукација, борбата против меѓународниот криминал и недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти и компјутерски криминал, преку навремена размена на информации и формирање заеднички истражни тимови.

Предвидено е двете министерства да потпишат билатерален договор за полициска соработка.

21.11.2013 - 08:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега