Статистика: Зголемен откуп и продажба на земјоделските производи

 

Откупот и продажбата на земјоделски производи во март годинава бележи пораст од 14,4 отсто.

Со тоа, откупот на земјоделски производи изнесува 585.260.000 денари, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 50,3 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 7,4 отсто.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, живината и јајцата, млекото и млечните производи, додека намалување се бележи кај: житата, фуражните растенија, алкохолните пијалоци, добитокот и рибата.

ФОТО: Денешен

најчитано сега