СДСМ: Јанкулоска лаже за избирачкиот список
Денеска од опозициската СДСМ реагираа за изјавата на министерката Јанкулоска дека ДИК ја има одговорноста на избирачкиот список и дека токму на оваа адреса треба да се упатат сите прашања.
- Тоа што го зборува министерката Гордана Јанкулоска не е точно. Министерството за внатрешни работи, со кое таа раководи повеќе од 7 години, целосно го составува Избирачкиот список. Според сегашното законско решение МВР го предава списокот до Заводот за статистика каде се распределува по општини и избирачки места. Во периодот пред последните локални избори, се покажа дека МВР не само што го составува избирачкиот список туку на иста адреса запишува по 74 граѓани на кои им издава лични карти и ги внесува во списокот. Тоа претставува кршење на законот за кое некој ќе одговара, велат од СДСМ.
Од паријата додаваат и дека СДСМ, но и останатите учесници од Работната група за Избирачкиот список, јавно побараа сите ингеренции за составување и ажурирање на избирачкиот список од МВР и Заводот за статистика да се префрлат во ДИК.
- Неверојатно е како без ни малку срам Јанкуловска во чиј мандат се спроведоа избори со фантомски гласачи од Пустец повикува на политичка волја за објективен изборен процес, додаваат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа