Груевски: СДСМ нуди веќе исполнети предлози
Премиерот Груевски денеска за време на пуштањето во употреба на ново повеќенаменско игралиште во Илинден, истакна дека СДСМ дава комични контрадикторни и веќе исполнети предлози.
-Тие имаат комични изјави, како на пример дека ќе ги дуплираат субвенциите. Имаат и контрадикторни предлози, како на пример Заев вели дека 450 евра ќе биде најниската плата, а Шеќеринска дека ќе биде 10.000 денари. Третата категорија е веќе исполнети работи, на пример велат дека за копање бунари ќе даваат 30 отсто субвенции, а ние веќе даваме 100 отсто, истакна Груевски.
19.11.2013 - 15:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа