Попоски во неколкудневна работна посета на Канада

 

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска ќе престојува во петдневна посета на Канада, каде ќе го унапредува политичкиот дијалог и соработка помеѓу двете држави.

Предвидено е министерот за надворешни во рамки на посетата да престојува во Отава, Торонто и Халифакс каде ќе има средби со неговиот канадски колега Џон Берд, како и со министерот за правда и јавен обвинител на Канада Питер МекКеј. Се очекува шефот на македонската дипломатија да се сретне и со претседавачот на Сенатот на Парламентот на Канада, Ноел Кинсела, како и со претставници на парламентарната Група за пријателство со Македонија која функционира во рамки на канадскиот Парламент.

Попоски ќе учествува и на Меѓународниот форум за безбедност, што ќе се одржи во Халифакс, на 22 и 23 овој месец.

Предвидени се средби на министерот Попоски и со претставници на бизнис заедницата во Канада, посети на Универзитетот Карлтон и на престижната школа за меѓународни односи „Norman Paterson School of International Affairs“. Попоски  треба да се сретне и со претставници на Македонското меѓународно движење за човекови права (Macedonian Human Rights Movement), на организацијата „Обединети Македонци на Канада”, како и на Обединета Македонска Дијаспора.

 

19.11.2013 - 15:04
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега