СДСМ: Уште колку животи треба да згаснат за МТСП да превземе мерки и да ги обезбеди работниците?
СДСМ денеска реагираше за младиот работник кој го загуби животот во рудникот САСА додека работеше со машина за поправка на камион.
- Денеска е повторно загубен човечки живот. Уште еден црн ден за македонските работници. 30-годишен работник од рудникот ,,САСА” и работник од ,,Бетон” кој е тешко повреден, се нови жртви во низата на повредени и загинати работници на своите работни места, велат од партијата.
Од СДСМ прашуваат, уште колку трагедии треба да се случат за Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки за да ги обезбеди работниците на нивните работни места? Дали и кого штити власта?
- СДСМ како социјалдемократска партија, во својата програма предвидува посебна грижа за работничките права и комплетно почитување на законската регулатива како основна гаранција. Исто така, предлог мерката на СДСМ предвидува сите градежни работници кои работат во тешки услови да имаат бенефициран стаж, додаваат од опозициската СДСМ.
СДСМ: Уште колку животи треба да згаснат за МТСП да ги обезбеди работниците на работните места?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа