Филмски продуценти од Италија во работна посета на Македонија

 

Продуценти и дистрибутери од Италија, денеска доаѓаат во посета на Македонија. Тие ќе се запознаат со капацитетите кои ги нуди земјава во областа на постпродукција.

Како што соопштува Филмскиот фонд на Македонија, предвидено е италијанските продуценти да ја посетата продуцентската куќа ФХ3Х, Macedonia music and entertainment и Вертиго, а попладне од 17 часот во Младинскиот културен центар се организирани индивидуални средби помеѓу продуцентските и дистрибутерските куќи од Италија и од Македонија.

Директорот на Филмскиот фонд на РМ Дарко Башески пред нив ја презентираше регулативата во областа на филмот, механизмите за поддршка, филмските проекти реализирани од Фондот од 2008 дo 2013 година и новиот Закон за филмска дејност кој ќе почне да се применува од 1 јануари 2014 и со кој Филмскиот фонд ќе се трансформира во Агенција за филм. 

19.11.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега