ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата за ревизија на Скопје 2014 беше само хајка на Жерновски
ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека се навршија точно 6 месеци од почетокот на формирањето и работата на долго најавуваната Комисија на Градоначалникот Андреј Жерновски за ревизија на проектот Скопје 2014-та.
- Иако Жерновски најавуваше дека работата на оваа комисија ќе заврши за само 90 дена, тие и по работа долга 180 дена не открија ништо незаконски и нелегално во овој проект. Со ова се потврдува дека комисијата беше создадена со популистички намери, и дека нејзиното формирање е само хајка која се користеше за политички цели, без аргументи и докази, велат од ВМРо-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ова е еден од главните аргументи за критика на Жерновски и неговата коалиција предводена од СДСМ. На овој начин се поврдува дека СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски ја лажеле јавноста со низа измислици и неаргументирани критики. Комисијата на Жерновски освен по скапите дневници исплатени на нејзините членови не може да се памети по ништо друго делотворно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа