Демократкиот Сојуз го осуди вчерашниот инцидент во автобус на ЈСП

 

Демократскиот сојуз најостро го осуди вчерашниот инцидент во Синѓелиќ, во кој беа претепани осуммина средношколци.

- Случајот покажува дека нападот претходно бил подготвен, и со крајна цел, покрај нанесување на физички повреди, да предизвика несигурност и револт на етничка основа. Демократскиот сојуз инсистира МВР да преземе најенергични мерки и сторителите на овој злосторнички чин да бидат изведени пред надлежниот Суд, велат од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, посебно родителите да влијаат врз своите деца, за тие да не предизвикуваат и учествуваат во вакви инциденти.

 

 

 

15.11.2013 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега