Заврши снимањето на руската серијата „Кум“ во Битола

 

Заврши снимањето на рускиот телевизиски серијал од осум епизоди „Кум“ во продукција на Амадеус ЛЛЦ и Марс Медија од Москва, на режисер Тимур Алпатов. Филмот беше сниман на спортскиот аеродром во битолското село Логоварди, ова е прва македонско-руска филмска соработка.

Серијата се снимаше пет недели со руско-македонска екипа и ќе се емитува на првиот канал на националната телевизија во Руската Федерација. Базирана е на вистинска животна приказна на еден руски доктор и неговата хумана мисија во Косово за време на конфликтот.

Главната улога ја толкува рускиот актер и режисер Сергеј Пускепалис, а се појавуваат и други познати актери, како Андреј Смољаков (актуелен по светскиот хит „Падот на Сталинград“), литванската актерка Северија Јанаушаускаите, Андрис Пауљевичус, канадскиот актер Тимоти Сел...

Во македонската актерска екипа се Ирена Ристиќ, Звездана Ангеловска, Мето Јовановски, Дејан Лилиќ, Џевдет Јашари, Тони Михајловски, Сашко Коцев, Висар Вишка, како и младите Наталија Теодосиева, Влатко Илиевски, Мартина Тапарчевска, Стефан Вујисиќ, Емра Куртишова. Во многубројните масовни сцени учествуваа и граѓани на Битола.

- Серијата ќе продолжи да се снима во ладниот Санкт Петербург. Руската филмска екипа беше одушевена од прекрасните локации во Битола, Демир Хисар, Прилеп, Отешево, како и веќе докажаните убавини на филмското Мариово. Проектот беше целосно финансиран од руските продуценти, но реализацијата во Македонија ќе беше невозможна без поддршката од македонските министерства за култура, за одбрана и за внатрешни работи и од градоначалниците на општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен и Новаци, соопшти „Сектор филм“.

 

13.11.2013 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега