Откупувачите на шумски производи мора да бидат регистрирани и да имаат дозволи

 

Сите физички и правни лица, откупувачи, мора да бидат регистрирани и да имаат годишни дозволи за собирање „други шумски производи“, соопшти денеска  ЈП „Македонски шуми”.

„Македонски шуми“ во 2012 година го формира новиот Сектор за користење други шумски производи и заштита на животната средина – екологија, со цел да одговори на обврските и барањата поставени во меѓународните регулативи, но и во домашните законски прописи кои се однесуваат на оваа област. Во април годинава Управниот одбор на претпријатието ги усвои сите потребни законски прописи, правилници од областа на користењето други шумски производи. Документите се објавени на веб-страницата на „Македонски шуми“.

ФОТО:Кафепуаза

најчитано сега