Средба Начо - Карајанов: Македонија и Албанија имаат добра соработка во правосудството

 

Македонија и Албанија имаат добра соработка во областа на правосудството, а таа ќе продолжи и во иднина. Ова синоќа го заклучиле албанскиот министер за правда Насип Начо и македонскиот амбасадор Стојан Карајанов на средбата доцна попладне во Тирана.

Министерот Начо ги претставил приоритетите и целите на Министертвото за правда и преземените реформи, додека Карајанов го нагласил македонското искуство во областа на правосудните реформи кои Република Македонија ги презема како земја кандидат за ЕУ. Соговорниците разговарале и за продлабочувањето на соработката во областа на правната експертиза, со посебен фокус на процесот на европската интеграција, и ја истакнале важноста да се продолжи со реформите, особено во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

 

13.11.2013 - 11:35
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега