Стипендии ЕКСПО по четврти пат во Македонија

 

На 15 и 16 ноемвери во НУБ Св. Климент Охридски во Скопје по четврти пат ќе се одржи манифестацијата Стипендии ЕКСПО, во организација на Образовниот информативен центар од Скопје.
Стипендии ЕКСПО единствен меѓународен настан од ваков вид, кој е од национално значење за Македонија. Главна цел на манифестацијата е промовирање на огромното значење што стипендиите го имаат за отворање и зголемување на пристапот до високото образование.
Манифестацијата на едно место ги собира универзитетите, министерствата, амбасадите и културните центри во Македонија, како и претставници на бројни компании, фондации и невладини организации.
Во интерес на студентите, повторно и оваа година, на самиот влез воведен е електронски систем за регистрација на посетители, кој им овозможува на институциите да стапат во директен контакт со студентите заинтересирани за стипендиските програми кои тие ги нудат.
Спонзори на манифестацијата Стипендии ЕКСПО 2013 се универзитетите: Politecnico di Milano, Universita Cattolica del Sacro Cuore, Аmerican College of Thessaloniki, HULT International Business School и Algonquin College.
Годинава учествуваат 26 учесници од 16 земји, Италија, Германија, САД, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Турција, Србија, Австралија, Канада, Грција, Франција, Унгарија, Бразил, Кина и Обединети Арапски Емирати.
Влезниците за Стипендии Експо 2013 се бесплатни и може да ги добиете на самиот влез на манифестацијата. За да добиете влезница потребно е да ја пополните пријавата со своите податоци. Секоја влезница има свој уникатен идентификациски број кој го означува идентитетот на посетителот. Истото може да го направите и претходно, најавувајќи ја својата посета преку пополнување на електронската форма за регистрација, со што веднаш го добивате својот уникатен идентификациски број.
Манифестација годинава е поддржана од Амбасадата на Канада

12.11.2013 - 20:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега