Гевгелија го одбележува Денот на Европа

 

Одбележувањето на Денот на Европа денеска во Гевгелија почна со отворање на ЕУ Инфо точка во туристичко-информативниот центар.

Присуствуваа амбасадорот на Австрија,Томас Михаел Бајер и градоначалникот на општина Гевгелија,Иван Франгов.

- Чест ми е да ја отворам Инфо точката на ЕУ преку која граѓаните на Гевгелија добиваат влез во Европската мрежа на комуникации. Секаде во државата се чувствуваа дека сте дел од Европа и затоа Австрија Ве подржува што поскоро да го завршите приклучувањето кон Европската унија, рече во своето обраќање австрискиот амбасадор Томас Михаел Бајер.

Прославата на Денот на Европа продолжи во центарот на Гевгелија со богата културно-забавна програма.

ФОТО:Денешен 

најчитано сега