Зградата на општина Штип доби нов изглед
Реконструирана е фасадата од општинската зградата во Штип која се сместени локалната администрација и вработените во подрачните министерства.
Парите за реконструкцијата на фасадата се издвоени од буџетот на општината.
Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов истакна дека по две децении фасадата на општинската зграда е реновирана.
- Преостанува уште средување на кровната конструкција, со која има одредени проблеми, заради што е распишан јавен конкурс за уредување на покривот. Поставено е и дополнително осветлување на надворешниот дел, со што навечер зградата има соодветна илуминација, рече Ристов.
Ова, според него, е прво поголемо надворешно средување на зградата на локалната самоуправа од нејзината изградба на почетокот на 70-тите години од минатиот век. Се работи за еден од најрепрзентативните објекти кои се конструирани во Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа