Кандидатурата на Рилковски пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ја разгледува кандидатурата на Никола Рилкоски, единствениот кандидат кој се пријавил на огласот за претседател на Државната изборна комисија што го распиша Собранието. Најголемата опозициска партија СДСМ објави дека тоа е нејзиниот предлог за прв човек на највисокото изборно тело во земјата.
Предлогот Рилкоски да биде претседател на ДИК ќе биде на дневен ред на првата наредна нова седница на Собранието закажана за 21 овој месец.
Никола Рилкоски e дипломиран правник, пратеник на СДСМ од 2006 до 2008 година и претседател на партискиот огранок во Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа