ВМРО-ДПМНЕ: Се надеваме дека СДСМ нема да направат ниту пензионерите ниту социјалните случаи да стравуваат за донесувањето на Буџетот

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска одговори на обвинувањата од страна на СДСМ за Буџетот за 2012 година.                                                                          

        -  Се надеваме дека нема да се случи истото сценарио од претходната година бидејќи верувам дека поуките се извлечени и дека сето она што се случуваше е на штета на сите граѓани на Република Македонија. Се надевам дека нема да дозволат колегите од опозицијата, ниту пензионерите ниту социјалните случаи ниту пак другите во земјава да стравуваат дека нема да биде донесен Буџетот.Се надевам дека нема да направиме Собранието на Република Македонија да биде место од каде што ќе се сее неизвесност и страв меѓу граѓаните по однос на нивните примања, велат оид ВМРО-ДПМНЕ.

 

 Навестувањето дека повеќе од 600 амандмани веќе се подготвуваат, треба да биде сигнал за претседателот на Комисијата што побргу да свика координација за да може да го распределат времето како ќе работи комисијата, колку дена ќе се одделат за општ претрес, колку за амандманска расправа. Жалам што не беше прифатен, односно не се доврши работата со новиот Деловник за работа, вклучително и етичкиот кодекс, бидејќи имаше веќе договорено повеќе денови за расправа во Собранието и јасно утврдено време за секој чекор од буџетската расправа, но имајќи во предвид дека ваквите правила речиси беа прифатени од опозицијата, само што не беа изгласани, мислам дека веќе претседателот на Комисијата ќе ги има во предвид овие правила и дека многу полесно ќе може сите да се договорат за начинот на работење, се со цел да се поминат сите амандмани и да не остане некој амандман кој што нема да има можност да биде разгледан во Собранието, велат од партијата.

 

 

 

11.11.2013 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега