Канческа-Милевска на состанок на министри за култура во Црна Гора

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе биде дел од состанокот на министри за култура на земјите-членки на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ во Цетиње, Република Црна Гора.

Канческа-Милевска која е претседател на Управниот одбор на Форумот со своите колеги ќе разговара за активностите реализирани годинава со поддршка на Форумот, како и за плановите и проектите со кои идната година ќе се одбележи 10-годишното постоење на фондацијата, соопшти Министерството за култура.

Во рамките на Форумот, министерката за култура ќе ја отвори патувачката изложба „Историјата на словенските престолнини низ државните архиви“ на која преку фотографии и пишани документи се претставени 13 главни градови на словенските земји. 

По повод одбележувањето на 200 години од раѓањето на големиот поет, државник и црногорски владика, Петар Петровиќ-Његош, учесниците на форумот во Националната библиотека „Ѓурѓе Црнојевиќ“ ќе донираат дела од едицијата „100 словенски романи“, проект во кој партиципира и Република Македонија. Библиотеката ќе биде збогатена и со антологии од македонски писатели преведени на англиски јазик. 

11.11.2013 - 11:10
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега