Инспектори ќе го “чешлаат“ Музејот на Македонија

 

Од Министерството за култура информираат дека утре инспектори за култура од Секторот за инспекциски надзор при Министерството, ќе извршат увид во работата на Националната установа Музеј на Македонија. 

Целта на надзорот, информираат од Министерството, е детално утврдување на почитувањето на сите аспекти предвидени во Законот за музеи, односно дали се запазени процедурите за водење на влезна книга, инвентарна книга, излезна книга, картотека и каталог на музејски предмети кои се чуваат во оваа национална установа.

-Исто така, информираме дека овластени лица од Управата за заштита на културното наследство ќе извршат увид во работата на установата од аспект на примена на плановите за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија. По завршувањето на увидот, јавноста навремено ќе биде информирана за наодите од истиот, по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки, стои во соопштението. 

10.11.2013 - 12:23
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега