Сервер: Македонија и Црна Гора заедно да влезат во НАТО

 

Политичкиот аналитичар од Вашингтон и експерт за Балканот, Даниел Сервер смета дека Македонија и Црна Гора треба истовремено да станат членки на НАТО. 

Сервер за Телевизија Црна Гора објаснува дека Македонија и Црна Гора одат заедно, не затоа што зависат една од друга, туку бидејќи двете треба да станат членки на Алијансата.

- Црна Гора е блиску до исполнување на критериумите за членство во НАТО, но сметам дека Подгорица и Скопје треба истовремено да и пристапат на Алијансата. Никогаш не знаете кога ќе се отворат вратите на НАТО. Може да ги исполните сите услови, а вратата да не се отвора неколку години од политички причини, рече Сервер.

Тој изрази надеж дека Германија, која, според него треба да игра водечка улога на Балканот, ќе ја согледа предноста од членство на Македонија и Црна Гора во НАТО и дека ќе инсистира на тоа на самитот следната година во Лондон.

- Германија би требало да помогне во потенцирањето на тоа прашање зашто не можете да се потпрете на Американците кои треба да ги решаваат Иран, Сирија и Северна Кореа, истакна Сервер за телевизија Црна Гора.

10.11.2013 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега