Сопругата на Дуле одговори на обвинувањата од нејзиниот свекор
Сопругата на починатиот пејач Дуле, Љупка Љубисавлевиќ одговори на обвинувањата на нејзиниот свекор. Таа за весникот „Вест“ вели дека непријатно се изненадила кога на свеченоста за доделување на признанија на заслужни граѓани на Општината Штип, таткото на нејзиниот сопруг, Раде Љубисавлевиќ од раце и ја отргнал признаницата.
-Уште пред една недела ми се јави градоначалникот Илчо Захариев и ме извести дека по повод 8-ми ноември, празникот на градот, Дуле ќе добие постхумна признаница како заслужен граѓанин. Ме замоли да дојдам со ќеркичката Илијана и да ја примиме наградата, на што јас се согласив. Но кога отидов во собраниската сала во Штип, забележав дека на местото каде што треба да седам, веќе беше сместена Марија, полусестрата на Дуле, раскажува Љупка за Вест.
Љупка тврди дека кога Захариев ја повикал да ја прими признаницата, полусестрата на Дуле стана да ја земе наместо неа. Ќеркичката Илијана се вознемирила и рекла:
-„Тоа е за тато, дајте ми го мене“. Откако и го дадоа листот на Илијана, таа се врати до мене и ја проследивме церемонијата до крај. Но веднаш по завршувањето на настанот, ми пријде таткото на Дуле и буквално ми го истргна листот од рацете. Бев во шок, но не сакав да реагирам и да правам скандали. Кога тој што треба не е до мене, не ми е важно каде ќе се наоѓа признанието, вели Љупка за Вест.
Сопругата на прерано починатиот пејач не сака да коментира за проблемите со неговата фамилија. Повеќе детали прочитајте во електронското издание на Вест или во денешното печатено издание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа