Седумнаесет жени доброволно ќе служат воен рок во Македонија

 

Министерот за одбрана, Талат Џафери, денеска во  касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ќе биде дел од давањето свечената заклетва на граѓаните на доброволно служење воен рок.

Министерот Џафери ќе има свое обраќање пред присутните, а на свеченоста ќе присуствува и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини.

Инаку, како дел од 21. генерација, заклетва ќе дадат 255 граѓани, од кои 17 припаднички на понежниот пол.

08.11.2013 - 09:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега