Јанкулоска: Шилегов сакаше да го наруши и мојот и угледот на моето семејство

 

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска објави дека поднела приватна тужба за клевета против Петре Шилегов поради сите лаги и невистини кои ги изнел за неа и нејзиното семејство.

- Верувам дека тој таму ќе даде одговор која била причината да изнесува лаги и невистини и дали самиот одлучил да го прави тоа или бил под притисок на некој друг не би сакала да шпекулирам. Тоа е прашање за кое судот треба да донесе одлука. Лично сметам дека секоја јавна личност треба да одговара за она што го изнесува  во јавноста и за тежината на сопствениот збор бидејќи таков тип на дискредитации како што тој изнесе во јавноста не би требало да поминат неказнето од страна на институциите кои се надлежни за санкционирање за такво поведение, појасни Јанкулоска денеска по завршувањето на Четвртата регионална конференција на секторите за внатрешна контрола на полициите во регионот.

Според министерката, целта на Шилегов била да се изнесат невистина за неа и нејзиното семејство и да се малтретираат луѓе со целосно невистинити податоци.

07.11.2013 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега