Груевски најави санкции за сите кои имаат вина за случајот со „Детска радост“
По поставувањето камен-темелник на ПЕТ-Центарот, премиерот Никола Груевски најави дека ќе има санкции за сите лица кои ќе се утврди дека имаат вина за случајот во детската градинка „Детска радост“.
- Во секоја слична ситуација санкции треба да има таму каде што ќе се утврди конкретна вина. Значи, каде што ќе се најде конкретна вина ќе има санкции, нагласи Груевски и додаде дека кривични пријави се поднесени и за одговорните во случајот со труење со салмонела во градинка во Кисела Вода.
За потсетување, пред неколку дена во градинката Детска радост кај 13 дечиња имаше симпотми на труење, а анализите потврдија присуство на салмонела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа