Рамковниот договор главна тема на братската вечера Рама-Ахмети-Тачи

Албанскиот премиер Еди Рама кој престојуваше во официјална посета на Македонија, откако оствари средби со својот македонски колега Никола Груевски, со шефот на државата Ѓорѓе Иванов и собранискиот спикер Трајко Вељановски, седна на братска вечера со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, со што ја заврши посетата на земјава.

Како што пренесува Плсуинфо, вчера доцна попладнето Рама, Агмети и Тачи седнале на заедничка маса, а главна тема на разговорот биле Охридскиот Рамковен договор, и можностите да се продлабочи билатералната соработка меѓу земјите.

- Ние заеднички размислуваме без разлика на приодите кои што се природно различни помеѓу опозицијата и делот кој денеска ги претставува Албанците во Владата за потребата за унапредување и побрзото целосно реализирање на Охридскиот рамковен договор, изјави Рамапо средбата.

Али Ахмети информараше дека го информирал албанскиот премиер за потребата од почитување на амандманот 5 од Охридскиот рамковен договор за употребата на Албански јазик, додека Тачи споменал како неговата партија не е задоволна од институционалното осиромашување на Албанците во Македонија.

- Претставува посебно чувство секој пат кога влегувам во оваа зграда, со емоции да ги видиш сликите, меѓу другите, и на Арбен Џафери, за кого чувам посебна меморија и восхит. Повторно се сретнавме и ги слушнавме многу внимателно сите искажувања на мојот пријател, претседателот на албанската опозициска партија, а во меѓувреме останувам целосно заинтересиран и слушам внимателно, со почит и на албанската владејачка партија, убеден во тоа што повеќе овие партии да соработуваат, одржувајќи го идентитетот, позициите и нивната дивергентност, за доброто на сите нас. И конечно јас би сакал да истакнам дека за нас, Владата на Албанија, за мене лично, секогаш е задоволство да бидам тука и привилегија да се биде пријателски пречекан како што не пречекуваат нашите пријатели и браќа во Тетово - рече Рама, пренесе Плусинфо.

07.11.2013 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега