Средба Груевски-Рама: Со поголема соработка до интеграција на земјите во ЕУ
Премиерот на Албанија кое од вчера престојува во официјална посета на Македонија, денеска се сретна со својот македонски колега, премиерот Никола Груевски. На средбата било заклучено дека Македонија и Албанија имаат добри билатерални односи и обострана желба да се унапреди соработката.
- Македонија останува проактивно ангажирана за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка. Веруваме дека сите предизвици може да бидат надминати со конструктувна политика во духот на европската соработка и духот на доброседството, а врз основа на принципите на почитување на суверинетитетот територијалниот интегритет и мирно решавање на предизвиците во отворен дијалог, истакна премиерот Груевски.
Еди Рама истакнал дека односите со Македонија имаат посебно значење за нив, исто како и територијалниот интегритет на Македонија.
- Албанија е заинтересирана за интензивни односи со соседите во случајот со Македонија ви сите области. Подготвени сме за да отвориме нови патеки на соработка да ја зајакнеме економската соработка со конкретни идеи и проекти за заеднички развој, рече Рама.
Предвидено е по оваа средба, албанскиот премиер да оствари средба и со шефот на државата Ѓорѓе Иванов и со собранискиот спикер, Трајко Вељановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа