Средба Бесими- Камсвог: Евроинтеграцијата клуч за внатрешна и регионална интеграција

 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими оствари средба со амбасадорот на Кралство Норвешкаво Белград, задолжен за Република Македонија, Нилс Рагнар Камсвог.

Соговорниците на средбата се согласиле дека европската интеграција е клуч за внатрешната и регионалната интеграција и дека  статус кво ситуацијата не е корисна за Македонија.

Бесими информирал за тековниот статус на процесот на европска интеграција на Република Македонија, добивањето на петтата препорака од Европската комисија  за отворање на пристапните преговори и очекувањата од декемврискиот Совет на ЕУ.  На средбата се разговарало и за соработката меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, во рамки на која реализирани се проекти во повеќе области. 

06.11.2013 - 13:17
Фото: 
новини.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега