Заменик-министерот Темелковски на состанок во Брисел

 

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, денеска ќе учествува на Состанокот на партнерите за животна средина и безбедност кој се одржува во Брисел.

Предвидено е заменик-министерот Темелковски да има обраќање на панел дискусијата на тема „Ризиците по животната средина и безбедноста - предизвици во 21-от век“.

Состанокот се организира по повод одбележувањето на 10 годишнината на Иницијативата за животна средина и безбедност. Целта е да се развие дискусија за научените лекции и стекнатите искуства во текот на изминатата декада. 

06.11.2013 - 09:49
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега