Романтичната вечер им се претворила во хорор - млад пар претепан во Градскиот парк во Скопје

 

Млад пар синоќа преживеал вистински хорор кога бил нападнат од страна на неколку непознати насилници.

Се работи за 23-годишниот П.Ш. од Охрид и 19-годишната скопјанка М.А. кои синоќа околу 20 часот и 30 минути излегле на романтична прошетка во Градскиот парк во Скопје, каде биле пресретнати од група насилници кои ги претепале и им одземе мобилен телефон, документи и 200 денари.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

06.11.2013 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега