„Џонсон Мети“ ги отвара новите погони во Бунарџик
Овој петок компанијата Џонсон Мети свечено ќе ги отвори новите производствени погони лоцирани во фабрика за катализатори во слободната економска зона „Бунарџик“.
На свеченото пуштање во употреба ќе присуствува претседателот на Владата, Никола Груевски, извршниот директор на ТИРЗ Виктор Мизо, амбасадорот на Велика Британија Кристофер Ивон и извршниот директор во „Џонсон Мети“ Џон Вокер.
Инаку, се работи за погони вредни 60 милиони евра.
05.11.2013 - 16:42
Фото:
Канал5
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа