Седници на четири собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот и на Законот за социјалната заштита, двата во прво читање.  

Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, во прво читање.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе дебатираат за измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за шумите, двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот, Предлог-закон за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност, Предлог-закон за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата, Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, сите во прво читање.

најчитано сега