И Папуљас е за „Славо-албанска Македонија“

 

Претседателот на Грција, Каролос Папуљас, денеска во Тирана оствари средба со својот албански колега, Бујар Нишани.

На средбата една од темите на кои се дискутирало бил и македонско-грчкиот спор за името, а Папуљас само уште еднаш потврдил дека останува на ставот за „Славо албанска Македонија“.

 Треба да се најде име кое ќе биде прифатливо за сите со географска одредница и за севкупна употреба. Ја поддржувам иницијативата за името „Славо албанска Македонија“, изјавил Папуљас, пренесе тиранскиот весник „Шекули“.

Во текот на средбата, Папуљас искажал силна поддршка за европската интеграција на Албанија и потенцирал дека  грчкото малцинство во Албанија и албанските емигранти во Грција претставуваат мост на поврзување меѓу двете земји.

04.11.2013 - 15:16
Фото: 
сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега