По трет пат одложена расправата по жалбата на екс-полицаецот Трифуновски

 

Јавната расправа по жалбата на пресудата за поранешниот полицаец Јаќим Трифуновски денеска беше одложена по трет пат бидејќи тој не беше донесен во судницата од затворот во Идризово каде ја издржува својата казна.

- Судот оцени дека поради тежината на делото, присуството на обвинетиот е неопходно. Причините не се познати, ниту на судот, ниту на одбраната. Кога ќе биде закажано следното рочиште дополнително ќе бидеме информирани, изјави адвокатот Митко Солаков.

За потсетување, судот го прогласи Трифуновски за виновен за убиство со умисла и предизвикување општа опасност и го осуди на доживотен затвор. Инцидентот се случи при расправија за пракинг место, при што тогашниот припадник на граничната полиција, додека не бил на должност, со службениот пиштол застрела двајца гостиварци, за како што тврдеше да си ја спаси малолетната ќерка и сопствениот живот.

04.11.2013 - 14:40
Фото: 
24вести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега