Цариниците со полни раце работа - заплениле автоделови облека храна мобилни...

 

И во текот на викендот и минатата недела, цариниците беа со полни раце работа. Запленети се девизи, ловечки кучиња, автоделови, електричен алат, апарати за домаќинство, мобилни телефони, плински уреди, фалсификати, облека, обувки, сок од аронија...

На скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на македонски државјнин, пријавен за излез од државата во џебовите на панталоните царинските службеници открија непријавени 10.000 американски долари, за кои патникот не поседувал документ, како доказ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 3.000 долари, противвредност на 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе, а задржани се 7 илјади американски долари. Била запленета и стока која се смета дека дека повредува права од интелектуална сопственост, а исто така цариниците заплениле и 28.360 разни производи со ознаки на заштитени трговски марки од кои дел од Дубаи и Турција.

Царинските службеници заплениле и 2 ловечки кучиња од расата „Балкански гонич“, откриени во заедничка контрола на граничната полиција и царинските службеници од царинската испостава Дојран, при обид на македонски државјанин нелегално да ја премине македонско-грчката граница, во близина на граничниот премин Дојран. Прекршителот немал никакви документи за кучињата, ниту пак ветеринарен сертификат за нивната здравствена состојба, а според неговата изјава намерата му била да ги продаде во Грција.

Биле запленети и поголем број гуми, алат, мобилни телефони, дозни, плински уреди и регистарски таблички.

Во текот на минатата недела, цариниците откриле и 152 готови текстилни производи на граничниот премин Богородица во патничко возило со германски регистарски таблички, управувано од турски државјанин, а биле откриени и 30 пара спортски обувки при контрола на автобус со дански регистарски ознаки, што сообраќал на релација Копенхаген-Тетово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените обувки биле пронајдени во две патни торби, сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот.

Запленети се и 163,5 литри сок од аронија, откриени во патничко возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. При контрола на возилото, во багажниот простор и помеѓу предните и задните седишта, во картонски кутии и најлонски опаковки, биле пронајдени вкупно 404 шишиња, од кои 332 шишиња од 270 мл, 300 мл и 500 мл, сок од природни свежи плодови аронија, и 72 шишиња од 500 мл природен витамински напиток од свежи плодови од Аронија со 8% алкохол.

04.11.2013 - 13:15
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега