Млад кичевчанец изрешетан со куршуми на паркинг

 

Во Медицинскиот центар во Кичево синоќа околу 22 часот бил донесен 22-годишниот Л.А. од селото Зајас, кичевско кој имал прострелни рани во пределот на потколеницата. Момчето било изрешетано со куршуми на паркинг во атарот на селото Кнежино.

Поради сериозноста на повредите момчето било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата работи на случајот.

 

04.11.2013 - 12:18
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега