Кавадарчанец остана без 120.000 денари

 

Крадците дефинитивно не запираат. Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека е ограбен станот на 59-годишниот М.П. каде непознат сторител влегол и си заминал со 120.000 денари.

Како што јавува МИА, кражбата била извршена на тој начин што непознатите сторители насилно ја отвориле вратата од станот и успеале да одземат пари, рачен часовник, со што предизвикале штета од 120 илјади денари.

Полицијата трага по крадците.

04.11.2013 - 10:33
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега