Над 100 убијци во Македонија и побегнале на казната - ова се случаите кои се уште не се решени
115 извршители на убиства во независна Макдонија се уште не ги стигнал мечот на правдата, објавува Утрински весник повикувајќи се на официјалната статисика. Според анализата на весникот, голем број случаи се уште немаат судски епилог, а убијците се шетаат на слобода.
„Деветгодишната Билјана Србиновска на 24 декември 1989 година за последен пат го напушти нејзиниот дом во близина на Технолошкиот факултет во Скопје. Неколку дена пред Нова година, таа замина и се упати кон пензионерскиот дом во Карпош, но таму никогаш не стаса. Некаде попатно девојчето мистериозно исчезна, за да биде пронајдена мртва неколку недели подоцна. Телото на малата Билјана беше пронајдено на 27 јануари 1990 година во атарот на селото Бразда. Полицијата по анонимен повик ја пронашла локацијата на која било оставено безживотното тело на девојчето“ - пишува Утрински додава дека телото на девојчето било пронајдено во бунар.
Не се знае ниту кој го уби струмичкото семејство Мудинови. Ноќта меѓу 13 и 14 ноемвр 1995 година таткото, мајката и синот беа убиени на 3 различни локации. Се уште се на слобода и убијците на сопственикот на кафеаната Брус во Скопје, Миле Петковиќ. Очевидци за Утрински сведочат дека неколку маскирани лица со црни униформи излегле од БМВ и го убиле Петковиќ на стотина метри од неговиот дом.
„И случајот со угледните скопски доктори Дехир Бајро и Лирија Мемети и по долги години останува прекриен со превезот на тајната. Нивните безживотни тела беа пронајдени на падините на Скопска Црна Гора, крај еден рудник. Како лекарите завршиле крај рудникот и зошто биле донесени двајцата ако се знае дека тие работеле во сосема различни медицински установи?“ пишува Утрински. Телата на убиените доктори беа прекриени со прашкаста материја.
Пред две години во Куманово беше убиен Горан Стојковски-Линка. Само што излезе од затвор, каде што ја издржуваше казната за убиствата на Горан Георгиевски-Мујо и Ненад Вељковиќ-Чавка, Линка беше застрелан.
Лани се случиле 29 убиства а 5 се уште не се расветлени.