Љупчо Тодоровски Радникот заминува во пензија - еве кој ќе го замени
Досегашниот директор на Централните полициски служби (ЦПС) Митко Чавков ќе седне во фотељата на Љупчо Тодоровски Радникот, дознава Press24 од владини извори. Човекот кој претходно, од 2006та, беше началник и на Одделот за организиран криминал во МВР е изборот на Владата за наследник на актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, но решението сеуште не е официјализирано. Чавков е човек кој целата своја кариера ја градел во полицијата.
Веќе е официјално заминувањето во пензија на актуелниот прв човек на БЈБ. Од МВР за Press24 ја потврдуваат оваа информација но не потврдуваат кој ќе го замени на оваа висока полициска функција.