Криеле дрога во sидините на Самоиловата тврдина - детали за заплената на хероин во Охрид

 

 Охридската полиција спровела акција во која запленила 100 пакувања со опојна дрога-хероин.

Според податоците од полицијата, се работи за 29-годишниот З.Р. од Охрид и 32-годишниот  А.А. од Струга кај кои биле пронајдени 113 пакувања со хероин. Момците дел од дрогата заедно со 22. 000 денари сокриле во џебовите од облеката, додека дел криеле во sидините на Самоиловата тврдина како и во околните растенија и тревнати површини. 

Приведениот ја набавил дрогата во текот на минатиот месец по што сакајќи да ја продава на наркозависници во Охрид и Струга, ја препакувал во помали количини, а хероинот го измешал со други материи. Така подготвената дрога ја сокрил во ѕидините на Самоиловите тврдини од каде по претходен телефонски договор вршел продажба.

Заедно со него продажбата на дрогата ја вршел и А.А. (32) од Струга, кој исто така вчера бил затекнат при продажба на хероин на наркозависникот И.Д. (54) од Струга. Парите од препродажбата на хероинот веднаш му биле предавани на З.Р.

Тие си заработија кривична пријава за продажба и производство на дрога.

02.11.2013 - 14:22

најчитано сега