На Табановце конечно фатени двајца криминалци кои треба да одлежат затвор
Во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаи, на граничниот премин Табановце биле фатени двајца криминалци по кои полицијата трагала долго време.
Во првиот случај, се работи за 44-годишниот Г.К. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна, додека во вториот случај, исто така на граничниот премин Табановце, бил фатен 23-годишниот П.А. кај кого при извршената пасошка контрола било утврдено дека треба да одлежи затворска казна во траење од 5 месеци.
02.11.2013 - 14:15