Сакал да шверцува 16 килограми марихуана со својот Мерцедес - детали за запленетата дрога на Табановце
На граничниот премин Табановце утрово цариниците запленија поголемо количество марихуана кое со своето возило го пренесувал државјанин на Литванија.
Се работи за 16 килограми марихуана вредни 320.000 евра кои државјанин на Литванија се обидел да ги прошверцува со својот автомобил марка Мерцедес со германски регистерски ознаки. Литванецот во Македонија доаѓал од Тирана, а на цариниците им кажал дека нема ништо да пријави. Дрогата била сокриена во подот на возилото, под ладицата и во левото и десното подкрило, а била спакувана во 28 пакетчиња.
Инаку, осомичениот тргнал од Литванија кон Германија кај негов пријател кој му го купил возилото со кое тој ја пренесувал марихуаната.
Против Литванецот ќе следува соодветна кривична пријава.
01.11.2013 - 15:12